ПРАВИЛНИК ЗА ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА УСЛУГИ
на Омни Деливери ДОО Скопjе
Поштенските услуги ќе се извршуваат согласно на Општите услови и конкретните инструкции од Испраќачот во согласност со Законот за поштенски услуги на Република Македонија (и сите негови амандмани и дополненија) како и позитивните закони применливи за конкретните Поштенски услуги (поточно, Законот за парнична постапка, Законот за општа управна постапка, Законот за кривична постапка итн.).
Со овие општи услови се уредува се утврдуваат правата, обврските и одговорностите на давателот и корисниците на услуги.
Корисници на услугите на Омни Деливери можат да бидат сите физички и правни лица.
Корисниците на услугите можат да договараат и дополнителни услови за користење на услугите, за што склучуваат индивидуални договори кои се интегрален дел од оптите услови.
Омни Деливери е компанија која нуди дистрибуција на пратки со помош на мобилна апликација (BLINK) која се користи како механизам за нарачки од страна на лица и компании кои имаат потреба за таков тип на услуги. Омни деливери е првенствено насочен кон клиенти кои би ја користеле мобилната апликација и web страницата како механизам за барање и давање на услуги на Омни Деливери. Корисниците на услугите на Омни Деливери своите барања за услуги за испорака можат да ги направат преку web страницата или преку мобилната апликација на Омни Деливери (Блинк).
Ceкoj работен ден од 08:00 часот до 17:00 часот; сабота од 08:00 часот до 14:00 часот.
Пакетите и писмата ги преземаат курири кои се вработени или ангажирани кај Омни Деливери врз основа на договор за работа или договор за вршење на услуги, при тоа Омни Деливери има право на свој начин да го организира и исполни начинот на прием, обработка, транспорт и испорака на пратките, користејќи правци и превозни средства за кои ќе утврди дека се оптимални и соодветни.
Преземање на писма и пратки од адреса на Клиентот (Испраќач/Нарачател) со електронси код преку кој може да се дознаат сите информации поврзани со пратката.
Клиентот ќе добие известување дека пратката ќе биде преземена, односно чека известување од страна на мобилната апликација за ангажирање и расположливост на курир во тој момент кој би ја прифатил пратката.
Преземањето на пратката се врши со внecyвaње на податоци во системот на Омни Деливери (БЛИНК апликацијата), избор на типот на услуга и името и презимето односно називот на испракачот и целосната адреса односно седиште; име и презиме односно називот на примачот; целосната адреса/седиште на примачот и поштенски броj и име на местото, број на мобилен телефон, и цена на доставата.
За секоја достава на секое писмо/пакет неопходни се следниве податоци: Име и презиме или назив на фирма, Адреса, број на мобилен телефон на Примачот и дополнителни информации за полесно изнајдување на почетната и крајната позиција на пратката.
ВАЖНО:
За точноста и вepoдocтojнocтa на податоците на Примачот одговара Испраќачот односно барателот на услугата.
Омни Деливери и Клиентот / барателот на услугата / Испраќачот ja потврдуваат вepoдocтojнocтa на информациите со потпис и слика на писмото / пакетот кој се пренесува.
Со цел oтcтpaнyвање на било какви недоразбирања и опасност од евентуална злоупотреба и повреди на правата и обврските, при предавањето односно преземањето на пратките во присуство на доставувачот и примателот на пратката ќе биде побарано од страна на испраќачот / лицето од каде треба да се превземе пратката и примателот да потврдат со потпис и слика на самиот предмет на испорака.
Превземањето на пратката се врши после потврда дадена од страна на достапен курир во моментот. Доколку не биде прифатена пратката во рок од 2h тогаш се смета дека Омни Деливери не ја прифатил пратката и нема обврски кон нарачателот на услугата. (Во ваков случај нарачателот после истекот на предвиденото време за прифаќање на нарачка, може повторно да направи барање за истата).
Роковите на достава/испорака течат од денот и часот на физичко преземање на пратката.
Рокот на достава е директно зависен од типот на услугата избрана од страна на испраќачот според типовите на услуги од точка 2 на општите услови.
Напомена:
Во роковите не се засметуваат: недела, државни празници, неработни денови; времето на доцнење поради неточна или непотполна адреса и времето на доцнење поради виша сила или околности за кои Омни Деливери не одговоара.
Рокот на испорака е во директна зависност од времето на преземање и типот на избраната услуга.
Плаќањето на услугите на Омни Деливери – Скопjе се врши по цени утврдени со обjавениот Ценовник.
Клиентот се обврзува уредно и навремено да му го плаќа на Давателот на услугите надоместокот за реализираните услуги за достава во согласност со ценовникот на Омни Деливери.
Клиентот има обврска да го почитува начинот и времето на најава на пратка.
Должност на клиентот е соодветно да ја заштити содржината на пратката како би се отсранила секаква опасност за нејзино оштетување односно целосно да ја подготви пратката за нејзино преземање од страна на давателот на услугите.
Клиентот сноси целосна одговорност за евентуална штета која би можела да настане за Давателот на услугите; на останатите пратки кои ги превезува Давателот на услугите према трети лица, доколку до нејзино настапување дојде од причина што пратката содржи предмети кои се забранети со закон и/или клиентот не ја запазил постапката и начинот за пакување на пратката на начин предвиден со општите услови на давателот на услугата.
Клиентот има право во секое време да биде информиран за евентуална промена на условите од овој договор.
Омни деливери, навремено, совесно и професионално врши преземање, превоз и достава на пратките на територија на урбаните населби во општините: Центар, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Гази Баба, Чаир.
Омни деливери има обврска пратките да ги доставува во утврдениот рок а во случај на постоење на околности за пролонгирање на рокот за достава на пратката должен е веднаш да го извести клиентот.
Доколку при обид за достава на видовите на поштенски услуги кои Омни Деливери ги нуди освен услуга на обични писма, доколку примачот не се затекне на наведената адреса, Омни Деливери ќе остави ИЗВЕСТУВАЊЕ за недоставена пратка во кое ќе биде наведено дека на соодветниот датум е извршен обид за достава на пратка и телефонски број на кој примачот може да се обрати со цел добивање на информација за подигање на пратката.
Во случај на 2 (два) неуспешни обиди за достава на предметната пратка или доколку примачот одбива прием на предметна пратка, пратката чија достава станала неуспешна, Омни Деливери ќе ја врати на клиентот/нарачателот на улугата/испраќачот. Клиентот има обврска да ја плати поштарината, како и услугата за повраток на пратката согласно ценовникот на услуги.
Омни Деливери има обврска да обезбеди неповредливост на тajнocтa на пратките на Клиентот (Испраќачот). За било која нестандардна појава на процеси или исход на испораката се прави записник, кој понатаму се проследува до сите вклучени страни.
На Омни Деливери односно лицата кои имаат потпишано договор за вршење на курирски услуги им е забрането: неовластено дознавање на содржината на пратките; отворањe, задржување или одземање на содржината на пратките (освен во случаи определени со закон) и предавање на пратките или соопштување на нивната содржина на неовластени лица.
Во случаj да постои основано сомнение дека се работи за неприфатлива/забранета пратка, Омни Деливери има право да ja отвори и прегледа пратката во присуство на Клиентот (Испраќачот). Доколку Испраќачот одбива преглед на пратката, Омни Деливери има право да го одбие неjзино преземање.
Доколку во текот на превозот се утврди дека пратката содржи забранети предмети, Омни Деливери ќе ja предаде пратката на надлежен орган коj приемот на истата ќе го потврди на другиот примерок од записникот.
Омни Деливери одговара за:
Одговорноста на Омни Деливери е ограничена исклучиво на физичко губење на пратка или оштетување на пратка. Одговорноста за било каков вид на загуба на клиентот (особено загубена заработувачка, испуштена корист,камата, деловен потфат или работа) независно дали таквата штета и загуба е директна или индиректна – е исклучена, дури и во случај Омни Деливери да е опоменат на таков ризик при превземањето на пратката имајќи го во предвид фактот дека клиентот (испраќачот/нарачателот) има право на свој трошок да се осигура од посебни ризици.
Омни деливери има право да одбие преземање на пратка доколку и покрај професионално и навремено вршење на услугата постои веројатност предметната пратка да не може да биде превезена и доставена до примачот, доколку пратката не е запакувана соодветно и уредно, податоците внесени во апликацијата се непотполни.
Омни деливери не врши достава на: мебел и документи кои се доставуваат во рок утврден од страна на трет субјект и се однесуваат на аплицирање на конкурс, јавен оглас и сл. од чие евентуално доцнење во доставувањето зависи, стекнување, губење или менување на некое лично право или бизнис потфат на клиентот.
ВИСИНА ЗА НАДОМЕСТОК ЗА НАСТАНАТА ШТЕТА
Омни Деливери е должен на корисникот на услуги да му исплати надоместок за настаната штета, и тоа:
(1) Давателот на поштенските услуги е должен на корисникот на поштенските услуги да му исплати надоместок за настаната штета, и тоа:
а) за губење или целосно оштетување на пратката;
б) за делумно оштетување на поштенска пратка или ограбување на пратка;
в) за пречекорување на рокот за достава.
Сумите и нивното пресметување се според соодветниот закон.
(2) Давателот на поштенските услуги не е одговорен за индиректно настаната штета на поштенските пратки.
Достава на обични пратки се врши на назначена адреса на самиот пакет кој е предмет на достава (дополнително од самиот клиент треба истите информации да бидат запишани како инпут во самата апликација од која се бара услугата), со уфрлање во поштенско сандаче без обврска да се доставува на рака на физичко или кај правно лице за кое е наменета пратката.
Од овој вид на достава нема повратен документ.
Доставата на курирски пратки е иста како доставата на препорачаните пратки со и без повратен документ. Имено, доставата на курирските пратки се врши на назначената адреса на апликацијата, на која се бара физичко или правно лице назначено од страна на клиентот да ги потпише документите како доказ.
Омни Деливери во својата архива, ќе ја сочува сета поштенска документација особено адресница и сите забелешки на пратки чија достава не успеала, пред враќање на истата кај Клиентот
1) Под пакување на поштенски пратки се подразбира ставање на содржината на пратката во соодветна обвивка (плик, кутиjа, сандак и др.) заради обезбедување на содржината од повреди или од оштетувања, односно од губење на дел од содржината од приемот до доставата.
2) Пакувањето мора да одговара на видот, природата на содржината и формата на пратката, на големината, масата и вредноста на предметот во пратката, и на условите и времето за доставување до Примачот.
3) Испраќачот е должен да се грижи за правилно пакување на содржината на пратката, во спротивно Омни Деливери нема да биде одговорна за штетите кои заради несоодветно пакување, пратката ќе ги направи на другите поштенски пратки, обjекти и средства на давателот на поштенски услуги возила за пренос, како и за повреди или смрт на вработените и на други лица.
4) Пратките што се предаваат во затворена обвивка мораат да бидат така обезбедени што содржината или неjзин дел да не може да се извади без видна повреда на обвивката и на средствата за затварање на пратката.
5) За затворање на поштенска пратка може да се користат, во зависност од видот и содржината на поштенската пратка, соодветни средства (лепило, леплива лента, поштенска сигурносна налепница, коноп со пломба, печатен восок, брава, катанец и сл.). За затворање на писмоносната пратка не може да се употреби хефт машина.
6) Сите поштенски пратки мора да бидат спакувани, освен оние за кои со оглед на нивната природа пакувањето не е потребно.
7) Испраќачот е должен ceкoj пакет, чиjа форма дозволува, да го поврзе вкрстено со коноп, чиjа jачина одговара на тежината на пакетот. Ако амбалажата, односно обвивката на писмоносната пратка не обезбедува полна сигурност на содржината на пратката во преносот, Испраќачот е должен таквата пратка вкрстено да ja поврзе со коноп.
Корисниците на поштенски услуги имаат право да поднесат рекламација.
Испраќач има право да поднесе рекламација преку мобилната апликација или web страната до давателот на поштенските услуги во рок од три месеци сметано од денот на испраќањето на пратката. Корисниците на поштенски услуги можат да поднесат рекламација за обични поштенски пратки без право за надоместок на штета.
За оштетување на поштенска пратка кое е видливо од надвор примачот има право да поднесе рекламација веднаш при приемот на пратката или да одбие прием. За оштетување кое не е видливо однадвор примачот може да поднесе рекламација, по правило, првиот нареден работен ден од денот на приемот на пратката, при што треба да докаже дека оштетувањето или намалувањето на содржината на поштенската пратка настанало пред нејзиното врачување.
Доколку корисникот на поштенските услуги не поднел рекламација во предвидениот рок го губи правото за надоместок на штета.
Давателот на услуги е должен да прими рекламација и да одговори на поднесена рекламација:
– во рок од 30 дена за поштенски пратки во внатрешниот поштенски сообраќај.
Доколку е незадоволен од одговорот на рекламацијата, корисникот кој ги исполнил своите обврски кон давателот на услугите, може да поднесе управен приговор до Агенцијата во дополнителен рок од 15 дена од приемот на одговорот, доколку се уште траат основот и причините поради кои била поднесена рекламација до давателот на поштенски услуги. Истото право го има корисникот кога му оневозможено да поднесе рекламација или кога во законскиот рок не добил одговор од давателот услуги.
Примачот или друго овластено лице има обврска на вообичаен начин да ja прегледа пратката кoja му е доставена за прием и за евентуалните недостатоци (оштетување или намалување на неjзината содржина) веднаш, односно во моментот на приемот на пратката, доколку постои видливо оштетувањe/намалување на вредноста на неjзината содржина, да го извести Омни Деливери, преку апликацијата преку делот за рекламиција, а наjдоцна следниот работен ден од приемот на пратката, доколку оштетувањето не е видливо однадвор, под услов: Примачот да докаже дека оштетувањето/намалувањето на вредноста на содржината на пратката настанало пред неjзиното врачување. Исто така, право на приговор има и Испраќачот, доколку се сомнева дека пратката не е доставена или е доставена со задоцнување, на начин и услови предвидени во Законот за поштенски услуги.
Омни Деливери Cкoпje ги чува оригиналните електронски податоци за целиот процес на барање на достава, сама достава и преземање на писмото/пакетот од страна на примачот најмалку 3 години од денот на доставата на пратките.